тажен (прид.) - песна (имн.)

Тогаш пак дојде песната. Таа носталгична и тажна песна на македонските печалбари, низ која се изразуваше сето она што тежеше на душата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А можеби таа тажна песна е нашата судбина!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
По мојата посета на Брисел, напишана е една тажна песна за мене и во неа, според Philippe Mouskes, ме нарекуваат Isaac Laquedemon.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа беше тажна песна за Охридската Архиепископија, во која се раскажува една вистина за смена на македонскиот Патријарх Арсенија со грчки.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Понекогаш ја сонува како му шепоти на увото тивко, нежно, мило, возбудливо, исто онака како што му зборуваше во Прага, а понекогаш гласот го здружуваше со здебелениот глас на Стела, но не му шепотат, ами му пеат тажни песни облечени во црно како калуѓерки; му пеат како на гроб, како да му дошле на погреб.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сини анѓели, не пејте ми тажни песни...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе пееш тажна песна од Хари, за гревовите и снеговите, како оној ланскиот кога санките летаа по удолнината, а ти влечеше некои туѓи, со туѓи, за туѓи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги преслушав сите тажни песни на овој свет, се закопував во жив песок и плачев кога сите се смееја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ПРВА ПОЈАВА ТОМЧЕ
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сончево утро. Пред да се дигне завесата и во време на сцената помеѓу Томче и Стојанка, од далеку еден женски глас извива дискретно тажна песна.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
По недолго двоумење, долгманот ја пушти гранката за која се фати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Баба ми по тој повод напиша тажна песна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го призбрчува Горачинов моторот и тера една тажна песна, морници ти скорева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оддалеку допира мелодија на тажна песна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зошто сме ние толку гладни и бевме многу тивко тажни песни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, кажи ми, вистина ли е дека сите луѓе, во сите земји имаат леб, надежи и национална химна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Со тажна песна, будалетинки!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На белиот лист Ќе напишат тажна песна за мртвиот монах кој лета.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И тогаш од клунот на уморното, измрзнато и од болка натажено славејче, потече таква тажна песна, каква никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)