Тетин ми гледаше во чинијата пред себе, а децата молчејќи гледаа во скутовите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Зад себе слушна тешко дишење и тап звук и тој доби жесток удар по глуждот од кој речиси загуби рамнотежа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште и на гостин така да му правам! - слушнав само еден тап звук и претпоставив дека тетка ми му удрила една заушка на братучед ми.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Старецот молкнал. Според негова сметка средноќта веќе се наближувала кога, со оние што биле будни, слушнал дека роговите на ненадејно исплашениот добиток со тап звук се удираат во мракот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Во овој крај нема арамии. - Има царски заптии.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вратите ги стигнуваа бегалките и ги туркаа во грбот, а одгоре, со тап звук, веќе се спушташе противтегот, пролетувајќи како ѓуле покрај слепоочницата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Стариците со тажни писоци се спасуваа од вратите што им се нафрлуваа, но не им успеваше секогаш да побегнат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)