твој (прид.) - господар (имн.)

Оттука се разви дискусија за правата на жените меѓу Клара и пријателите на Берта, кои беа дел од она што се нарекуваше млада виенска интелигенција, дискусијата заличуваше на кавга, младите интелектуалци велеа дека со светот сепак мора да владее машкиот род, и Клара, пред да излезе од салонот, рече: “Очигледно ние девојките треба самите да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она што мајките ги советуваат своите ќерки може да се сведе на една реченица: Биди му послушна на својот сопруг, затоа што така си му покорна на Бог, затоа што Бог ти го дал за твој господар, а дури и да се однесува лошо со тебе, истрпи сѐ - обиди се да му угодиш, и не жали се никому.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)