СЛОБОДАТА: Не си ли ти истиот оној кој ги казнуваше со најтешка казна, со смрт, сите оние кои не ги слушаа твоите зборови!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Понекогаш твоите солзи не можат да ја разблажат твојата згусната лутина или твоите зборови се доволни да ја изречат твојата непопустлива потреба од молчење – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Научи наутро неколку туѓи шеги и умеј да ги кажеш во погодно време... 122 okno.mk Има и друг начин да се говори забавно без памет, само нека јазикот ти е виток и жилав; но, тоа е тешка наука, која само од жените може да се научи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Обидувај се да ги имитираш, обидувај се во твоите зборови да нема ниту врска, ниту смисла, твојот разговор на минута да менува по пет теми, пцостите, пофалбите, смеата, сожалувањето, обичниот расказ - сето тоа, речиси помешано заедно, нека лета покрај ушите што те слушаат, обидувај се, како барабанот, зад себе да оставаш само пријатна бучава во ушите... без да оставиш каква и да е смисла.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Големото е во духот. - Тие не се твои зборови, мили. Во книгите има многу лаги.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- А дистанцата, таа ги прави неуверливи твоите зборови, мили.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Родени таму каде што птиците клукаат аспирини, тие не го разликуваат живото од мртвото. Сѐ им е познато, што и да спомнеш. Твоите зборови се дожд што паѓа в море. (Пиштало)
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се нишаше на нозе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Секој твој збор го одобруваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Од почеток Исчезнувам и пак се појавувам, и бројам, Во секој ден го бројам нашето време, движењата на усните твоите зборови, мислите, миговите на спокој, ми го смируваат исчезнувањето, така ми е полесно.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Јас знам дека тоа беше љубов за која требаше да се живее, но наспроти сѐ јас умирав преповторувајќи го секој твој збор, умирав препрочитувајќи го секое твое писмо, умирав додека ги диплев алиштата кои заедно ги купувавме, умирав со проѕевките во ноќните бдеења, умирав без да знам дека умирам, а сега умирам додека те гледам пред мене со сето твое отсуство и се прашувам од кога е тоа така, зошто е тоа така?“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Мислиш, ова се твои зборови?“ проникливо го погледа бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Просто морници ми одат од твоите зборови.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Впрочем и млакиот допир на тагата е пијанство И твоите зборови исправени пред ѕидот на срамот И раката што ни мавта преку водите е пијанство И разбудените мравки на надежта растрчани од заборавените гнезда За да нѐ пресретнат Само за да нѐ пресретнат се пијанство И не прашувај дали среќата танцува И какви се нејзините чекори Времето ќе го престигне неоседланиот коњ и ќе го впрегне во колата на животот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
ТАТКО МИ ОДИСЕЈ
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
ТОМЧЕ: Ти велам, чекам само твој збор...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Се крши, брише пот.) Господе, овие се маки Ристосови!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Љубовта или е проклета или е благословена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се обидов да го исфрлам секој дел од тебе, а го исфрлив и моето срце, се обидов да ги задушам твоите зборови, вистини или лаги, а ја задушив мојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Фалангата: Кралу наш, со тебе сме, секој твој збор за нас е заповед зошто не постои друг крал ни поубав и ни помудар од тебе!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Но бидејќи тие така ме „копираат“, би сакал да го чујам твојот збор”. 48 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тој се премисли, ја спушти чашката и продолжи: - Не заборавај, ти си излезен од оваа земја, од емигрантско семејство, твоите зборови тежат повеќе од другите тамошни сонародници.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Твоите зборови овде, за разлика од нивните, можат да ти донесат многу непријатности.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мајка ми прекорно и налутено го погледна татко ми: - Ете ти ги твоите зборови, - му се вдаде. - Дури и Бреза ги научила од тебе!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)