Ова е граѓа за народскиот стереотип.
Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А потоа, во една додатна изјава, потпишана исто така лично од гореспомнатата другарка, се истакнува дека таа навистина не може да сфати каква била целта на вашето обвинение кога тврдите дека оваа приватна скапоценост ја има присвоено секретарката на другарот Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Другарката Басотова смета дека станува збор за забуна, или обично препознавање, или пак само намера да се оцрни името на наш виден учесник во војната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)