Тогаш, блескотот во очите на ќерките и нивната ѕвонлива смеа го враќа внукот во топлите вечери кога низ целата куќа и дворот провејуваше мирисот на печени телешки џигерчиња, а пред ширум отворените прозорци се белееа, чиниш лебдеат во сивилото на зајдисонцето, испраните чаршафи, алишта и пелени.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)