Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Реалистички прецизната, избрусена реченица од андриќевска провиниенција се препознава и на семантичкото ниво на Бунар во кој тематски и стилски се мешаат одгласите на Селимовиќевиот Дервиш и смрт и Андриќевата Проклета авлија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
93 Реј Бредбери - носталгично евоцирање на иднината Шапирографираниот фанзин Fantasia — Futuria издаван од младиот Бредбери бил навестување на тематските и мотивски рамки на еден необичен книжевен проект.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)