Кога отец Иларион излезе и ја заклучи вратата, Бонети се разврте со очите низ дворот, и откако се увери дека нема никој, отиде кај ќелијата, се наведна и го залепи окото на клучалката; ја виде Смилјанка легната на постелата гола; осветлена од прозорчето прилегаше на бел цвет врз темна вода; ги држеше расплетените коси на градите и ги виткаше на прстите; над неа во камарата стоеше иконата на св.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Таму, до бога!“ извика еден од нив, и двајца цајкана зацапаа во плитката вода без ни да застанат да си ги соблечат чевлите, бревтајќи, додека кожните реденици со чкрипење им се триеја од стомаците.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Гледај ги нивните светли риги во темната вода и погодувај колку има до нашата светлост.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И сѐ почесто се завртуваа околу него темно-модри кругови и елипси, се множеа и се ширеа како бранови на темна вода.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Возилата се сопреа на работ на водата и цајканите бучно излегоа мавтајќи со огромни батерии чиишто светлосни снопови се прекршуваа врз темната вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Под налетот на таа светлина, далечното биење на молскавиците изгледаше бледо.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го оставивме да плута, прпелкајќи се тромо во темната вода.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)