темен (прид.) - магла (имн.)

Градот тонеше во темна магла - смог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сиротите животни со тажен поглед се утешуваа од зборот на нивниот газда, знаеја дека тој збор е полн со разбирање за нивната мака – тие и тој имаа иста цел: да стасаат до врвот, излегувајќи од темната магла, од коријата со згусната дабова шума.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Чувствував како парче темна магла ми вгнезди страв во длабоките одаи на душата, кај што се беше населил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)