Вџарен во малкуто бледило на прозорецот сред темната ноќ, се потсеќавав, не сега на сонот, туку на настанот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сакам да ти се заблагодарам од сѐ срце за таа жртва, пријателу”. „Јас имам мотив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Куќата ја напуштаа како да одат на кратко патување, а не во егзил со непознат крај. „Сè ќе биде добро”, изговори Карер, повеќе за да си ги успокои разбрануваните емоции и да ја пополни непријатната тишина. „Тоа го знае само Оној што нè гледа и во оваа темна ноќ”, рече рабинот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сонцето зајде. Се спушти темна ноќ.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Реката мрзливо ползеше крај колибите. Таа непрекинато се влечеше и се провираше низ камењата, коишто одвај се белееја и ѕиркаа во темната ноќ.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ги следеше, сѐ додека со до крајни граници изострениот слух можеше да ги слуша нивните крикови што замреа во темната ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мислам дека слушнав кога рече додека влегуваше во собата, (или само ми се причини дека слушнав), "другарот Ѓурчин", рече Даскалов, "веројатно не ќе ја искористел онаа темна ноќ и осаменоста на жената-девојка за да го стори она што се случило.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И токму се понадевав дека се се движи кон доброто а за моето ерѓенство се разгорува уште едно огниште, наеднаш сфатив дека таа ти дошла или да ми стави оглав или да се одмаздува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си помислив, сепак постои правдина, како што постои и сонцето што секое утро повторно се појавува по темната ноќ само за да не потсети дека убавото не умира.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тој период во него имаше и премногу верност а и доследност во придржувањата кон правилата на нашето однесување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Што ли се случува, Господи? - шепотеше таа, наѕирнувајќи низ прозорчето во темната ноќ што владееше над селото.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Во темната ноќ не се гледа убавината на цветот на дивата праска, но миризбата занесно и силно се чуствува.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ја немаше бојата на ѕивт темната ноќ, или барем така него му се причинуваше. Таа е предалеку од неговиот видокруг.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тивко паѓа ситен дожд темна ноќ, а јас сум сосема сама... се плашам од тишината на мислата во мене..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
II Баба остана како светилник во длабоката ноќ на брегот на Езерото да го осветлува со својата внатрешна светлина патот на чунот во темната ноќ во кого беше нејзиниот постар син со своето семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Беше тоа пред три години. Беше темна ноќ, во една тесна попречна улица, во близина на една од големите метро станици.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ке го најдам на тој век деда ми Богдана, а другите – татко, мајка и Јован – ќе ме најдат тие кога ќе дојдат кај мене на тој свет, си мислеше таа во долгите темни ноќи и ја зацврстуваше својата волја да издржи докрај.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
1. Скриен во сонет како во сонот, Римуван, а неразбран, На пусија дочекан, гонет Од стин и троглави змии, Занесен, во сонот изгубен, сет Изѕемнет, поцрнет од рими, Од своите луди посестрими И од аждери- ѕверки, душодерки; Сонет, недосонет, буден Слуден и студен од мори, Сосема сам, над димни гори, Фатен во тешко оро Со студот и со зборот, Од темни ноќи, до бели зори.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Темна ноќ од која ги криете со која ги плашите.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Колку мачно ли се чека една тешка ноќ една темна ноќ што застрашува Сега се смеам и знам дека сеедно не е како ќе дојде таа штом престрашено чекам да биде црна црна
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Кутриот мој брат неискусен во јавање на коњ, го удрил коњот по слабините и тој се в дал во лет, го исфрлил брат ми од самарот, на прашливот пат, врз камењата, во темната ноќ...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И еве сега, без карти, застојани до отворениот прозорец, јурат со железницата низ темната ноќ, а прохладниот ветер си игра со нивните немирни коси.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Дома, во брлогот за спиење во левиот агол зад вратата се прибираше дури во самата темна ноќ.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога пак, ќе дојде утрото, со самото отворање на очите, наместо ден да ти се чини дека гледаш темна ноќ, ете тоа јас го нарекувам несреќен до смрт.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)