Исто како и пред влезната врата, темните очи прелетаа преку нивните лица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
ГОЛЕМИОТ БРАТ ТЕ ПОСМАТРА, велеше текстот, додека темните очи гледаа длабоко во Винстоновите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон ја сврте главата малку настрана за да го одбегне истражувањето на крупните темни очи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Топлата есен 2000 година од Христовото раѓање, во Византион илити Константинопол, илити Цариград, илити Стамбол, илити Истанбул на западната страна на црквата „Св. Софија“ (Аја Софија) откај што можеше најубаво да се види, да се доживее храмот, седнат на дрвена скамејка и по четврти пат го почувствував студеното ветре околу моето срце и знаев дека, од некаде, одблизу ме демнат темните очи на Рибоокиот, и оти неговото тело е во близина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зарем не знаете? – Ме погледа со своите убави темни очи – Кутриот тој. Загина минатиот месец.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Не мислеше на тоа како што не мислеше на хризантемите и на нарцисите пред темното око на деветмилиметарскиот валтер.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од огледалото ме гледа четиринаесетгодишно, обично девојче, со големи темни очи, со темнокафена коса, височко, ни дебело ни слабо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ако му се насмеам, ќе ги покаже забите, бели и прилично правилно наредени во устата, ако го погледнам зачудено, ќе ги извие веѓите, густи и во правилен лак свиени над очите, ако се свртам во профил, можам да го видам носот, ни голем ни мал, ни чпрт, ни згрбавен, ни предолг ни прекраток, усните исто така правилни, немам што особено да им забележам на изгледот, а телото сосема пристојно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Жена, е од медитерански тип, меѓу триесет и петтата и четириесеттата година. лице со вовлечени темни очи, извиени веѓи, со кадрава црна коса, што мокра од снегот, се сјаи под сонцето на сијалицата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Со ковчестото мазно избричено лице, живите темни очи и пробелената коса залижана наназад, Лука Карер по ништо не се издвојуваше од многуте слични левантински физиономии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се сврте и го здогледа брзо фрлениот поглед на еден човек со кратка брада, долго црно палто и паларија со широк раб на главата, кој брзо го поздрави градочалникот гледајќи да продолжи по својот пат. „Елеазар”, викна Лука Карер по забрзаниот човек кој застана и го сочека со збунета насмевка.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Ова е Влатко - новиот - ќе учи со нас! - се поздравува, се насмевнува, се врти де лево, де десно - зашеметен од вревливите разговори, гргорливи, сите во една единствена радост слотени... загледува, се надева - ќе здогледа некој лик кој барем малку би личел на неа - на Јана, некоја коса што би светнала како косата на Јана, некои темни очи како очите на Јана... попусто... попусто... нема... нема ништо слично, а пак исто - исклучиво не може да биде...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Наврапито се свртува наназад - лице в лице со Јана.. се џари во очите, темните очи - ама без светулки - светулките згаснале во некаков длабок вир од тага.. ја гледа, усните ѝ се движат, гласовите испрекинато навлегуваат во неговата душа, небаре далечно ехо: Тато ѝ кажуваше на мама - дедо ти ја продал ливадата - не ми се веруваше... не сакав да поверувам...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Зад нив стоеше едно високо, за тринаесет години изразито извишено девојче, со долга црна коса, темни очи замрежени со долги црни трепки, а над нив извиени црни веѓи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Ти ќе ме заборавиш - велат тие темни очи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Еве ја и последната фотографија - VI а одделение - Јана застана до него ама без насмевка, со заџарени темни очи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ја виде како доаѓа небаре волшебно привидение - девојче со најчудесна коса како зрело жито и со темни очи, очи со црнки светнати како светулки низ летната ноќ...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се виде стрчан низ ливадата накај РЕКАТА - спокојно разбранувана - затрчан по развеаните кадрици на Јана, девојче со најчудесна коса - небаре зрело жито - и со волшебни очи, темни очи со црнки светнати како две снегулки низ летната ноќ... Oткако се знае себеси ја знае и Јана: и во забавиште заедно, и во прво одделение заедно, се така заедно како сестра и брат - ама сепак некако поинаку.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)