Отпод карпата - изворче, тенка шурка.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кап... кап... кап... - секоја капка миг од времето... тенка шурка прелива откај коритцето наудолу до прецепот во карпата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Сум бил до таму - ама мојата самовила ја немало ... сум заслегол до пештерата-бигорна -ама и таму ја немало... и заслегов кон изворчето, кон коритцето-бигорно... капките си капеле - и тенка шурка се лизгала наудолу... и тогаш свртев накај карпите откај што сум дошол, кога се сретнавме со Ѕвезда моја... и се спуштив удолу - накај Езерото...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кап ... кап... кап - капе вода во камен - бигор издлабено коритце... тенка шурка несопирливо се слева удолу низ карпите... се слева - бигори влече - ама бигори во душите на живите ништо не може да ги одвлече - се пластат...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)