Се заплетка во криви и тесни сокачиња на циганскиот крај и забележа: сѐ е ноќе поинакво - и луѓе и куќи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Едно утро, една моторизирана единица застана пред куќата од Бандо; војниците ја гледаа куќата од сите страни, а потоа започнаа со чекори да го мерат тесното сокаче што не им дозволуваше да минат со камионите: мереа, пцуеја, а потоа се собраа околу командирот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Луѓето влегуваа и излегуваа од темните сводови на портите и лазеа во неверојатно множество по тесните сокачиња што се разгрануваа од двете страни - девојки во полн цут, со неумешно нацрвени усни и младичи кои ги задеваа девојките, и дебели расклатени жени кои покажуваа како ќе изгледаат девојките по десет години, и стари згрбавени суштества што се влечкаа на рамните стапала, и парталави босоноги деца кои си играа во баричките, а потоа, на лутите повици од мајките се разбегуваа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)