Тазе поповите се познаваа како мариовци уште од порано, та бидејќи поп Илија се наоѓаше во „грчки“ центар — во Битола (што му даваше кураж), колку го сретна Пројчета во тесното уличе пред дуќанот на Мушона Евреинот и Ристета бѕовиќанецот, застана пред него и почна да го навредува и предизвикува: — Оче наш, прчи паш, вати мачка за опаш . . .
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога пристапија до портата, граѓанинот цврсто ја тргна железната алка од портата и со растојание чукна на портата трипати по три.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тие го минаа центарот на градот и, по една мала тесна уличка, се упатија кон крајот на градот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тесните улички со дотраени и руинирани куќарки, со мандала, со порти, со тремови и чардаци, улици со турски калдрми, тоа е оној дел од Солун кој се извишуваше амфитеатрално.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Брзајќи, за да не си остави време да се исплаши, се симна по скалите и ја пресече тесната уличка. Тоа беше лудост, се разбира.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека чекореше по тесната уличка ја симнуваше полека превивката од раката со задоволство забележувајќи дека раната му е заздравена.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Свртев десно. Тесна уличка, скриена меѓу зградите, ме засолни мамејќи ми го погледот.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Колата постојано потскокнуваше низ тесните улички, влегувајќи и излегувајќи во барички со гнасна вода, направени во незакрпените дупки на асфалтот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Големо возбудување владееше во нашата болница што од Отоманската банка ја дели само една тесна уличка.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓу зградата и фабриката за цигари опстојува тесната уличка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа вечер мината по виенските улици требаше да биде лекција за мене, она што брат ми сакаше да го постигне беше да го видам животинското во човекот кое не си дозволува да го обедини телесното со чувственото, и да се згадам од тоа онака како што се гадеше тој; таа ноќ не ми даваше да заспијам помислата на телесното соединување на Зигмунд со некоја жена, ужасот на таа помисла ме превртуваше во креветот, ми го свиваше срцето помислата дека некоја жена, налик на оние кои ги видовме таа вечер по тесните улички, ќе го внесе во она што е само телесно и испразнето од душевното, и така ќе го одвои од нашите заеднички мечти. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа, кога веќе паѓаше мракот, отидовме во најбедниот дел од Виена; минувавме по полумракот на тесните улички, едвај се разминувавме со девојките во распарталени фустани, и со мажите во подеднакво распарталени алишта, кои им пристапуваа на девојките со предвреме огрубени лица, со шминка која само уште повеќе го истакнуваше грубеењето, со здив кој мирисаше на алкохол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Слушав како чекори по нас и во тесната уличка, ги слушав нејзините чекори и ударите на стапот на кој се потпираше; гледав во чекорите на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Звукот на нејзините чекори запре, неговите чекори продолжија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некои од тие девојки го допираа Зигмунд, ја кажуваа својата цена, и потоа трчаа по нас, ја намалуваа цената, сѐ додека не доаѓаа до онолку со колку може да се купи парче леб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тргнавме по тесните улички и по мостчињата преку каналите; околу мене беше една од мечтите на мојот живот, Венеција, а јас гледав пред себе по патот, со наведната глава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Брат ми, иако одмавна со раката на моите зборови, не можеше да го премолчи своето противречење, и неколку минути подоцна, додека така чекоревме, рече: “Ти знаеш дека јас одамна напишав дека религиите се родени од потребите за утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш се запрашував: дали првиот поттик да му предложам на брат ми да се запознае со Сара беше ужасот од онаа помисла дека тој ќе го побара телесното задоволство во некоја од оние улички, доколку не му се случи вистинска љубов?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)