Следеше завршниот разговор во Сојузното министерство за надворешни работи, со сите нишани, како и првиот разговор пред четири години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Амбасадорот Душан Симеуновиќ, тогашен началник на Шестата управа, одличен познавач на арапскиот јазик, но и на палестинското прашање, не штедеше убави зборови за мојата работа, дури ме замоли на крајот да му дозволам телеграмите од моите разговори со Јасер Арафат кои ги сметаше за значајни за проучување на палестинското движење да ги користи за своите студии кои ги објавуваше во тогашна Меѓународна политика.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)