Тие го плиснаа со топлиот здив на животот во домовите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А што ќе се види, ништо, назад заглездено тесто, напред кожинче,” му велеше келнерката Цвета тегнејќи му го кожинчето, со мекам, полека земајќи го меѓу дланките и ухајќи му топол здив за да го набабри мевцето што во него преостанало, за да има што да стави во устата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Беше расчекорена над мене и секое нејзино движење ме накреваше и ме спушташе во блажен мир во кој се стопуваше крикот што и излегуваше од градите со облачиња топол здив.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Работи кои не смрдат, но и не мирисаат добро банкнота од илјада денари, кога ќе излезе од банкоматот; лубрикант на чија етикета пишува "гарантирано без вкус и мирис"; велосипед цела зима чуван во подрум; небањато дете, ама твое; купачи носени во базен, после три дена; рацете откако си лупел компир; она за полирање пластика во кола; стог сено среде поле; парфем кој си го добил на подарок од некој што не те знае добро; дупче од цигара на волнен џемпер; топол здив од крава; лифт во државна институција; ретко отварана книга, само за референца; автомобил оставен на +40, под сенка; каталози за козметика со опција "изгреби и помирисај" со помешана арома на печатарска боја и млеко за тело; нечии најдобри намери и наивни лаги.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Пред себе го чувствуваше само својот топол здив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
XIX. Сега беше пак неговиот јужен ветер и Змејко можеше просто да го види од својот прозорец него како заседнува над целиот свет и над Белата Долина, завладувајќи го со своите топли здивови до безостаток целиот ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше како некоја стара семенка, која долго време си ја чувала во својата срцевина магијата за да го сети тој топол здив и да почне да се буди, да поникне под него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ уште го чувствувам неговиот топол здив на вратот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Речиси, никогаш не ме болеше неговиот допир со памучето намокрено во ракија на моите расрквавени колена со кои ги стружев рапавите улички во Мичурин, најмалку еднаш во неделата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И постојано си го поставувам истото прашање дали ќе брзав да пораснам, ако знаев дека толку многу ќе ми недостасува патот од Мичурин до Градскиот парк на рускиот велосипед и топлиот здив на дедо ми во мојата разлетана коса? In memoriam Дедо ми Борис Кривошеев секогаш кажуваше дека за жената смртта е награда во споредба со тоа да биде силувана или да ѝ го убијат синот!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога сфативме дека таа овој пат нема да се врати (татко ми и сестра ми малку пред мене) почнавме да разговараме за тоа што нѐ мачи. За неа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Со топол здив пепелта ја издувувам и каменот го притискам до градите и не го чувствува срцето зашто и тоа е камен сторено....
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Затоа горењето е најпотребно од сѐ. Топлиот здив е негов продукт.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Небото, потоа, како опитно огледало
ќе се замагли од нашиот топол здив:
обичен доказ дека е студено,
ладно
Дно.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)