Леле, колку би сакал да потонам во твојата топла прегратка во која кога студи во Москва каде-каде подобро ја разбирам тагата на Константин Миладинов и збрлавените сонца во неговата глава.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ново утро и лет на ластовица, чист воздух во градиве, слика на страмежлива и нежна детска насмевка, нов живот во топла прегратка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Нежни чекори од другата страна на сонот, додека ѕвона одекнуваат од камбаните за новото раѓање на љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И никогаш не заборавајте тоа е се што ви треба за да останете човек.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Никогаш не заборавајте што ви беше потребно за да станете луѓе: да дишите длабоко, болката при првиот плач, мајчино млеко, грижа, љубов и топла прегратка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Знаеше дека тие лузни можеше да ги излекува само еден мелем, а тоа беше нежниот допир на топлата прегратка на неговата изгубена љубов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Верувам само во тие раце и таа топла прегратка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Откако ќе се изнамолчеа, Ласте на својот пријател ќе му завиткаше во хартија од весник по неколку апчиња, ќе го испратеше до вратата и со топла прегратка ќе се разделеше од него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа би дала и фустанот да ѝ го извалкаат, и да ѝ го искинат, и косата да ѝ ја растурат и кондурите нека ѝ ги земат, само да може да се замени со малата кукла, што се сви сега во топлата прегратка на Маја.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Бидејќи ѝ достуде, пак се стутка во топлата прегратка на немирката Маја.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Неговиот здив, топлата прегратка, првиот бакнеж.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Шеталиштето полека се празни. Месечината фати пат поназапад, се чини дека ѕвездите пребледнуваат, а на клупите и на бетонскиот ѕид се уште во топла прегратка траат ненаситени вљубеници...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Гласот на слатката Еле, повикува толку нежно и мило за топла прегратка...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Насмевнатиот лик на баба светна низ замагленото стакло - и една дланка за поздрав, и набргу топла прегратка: „Си ми пораснал, мил на баба!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Рецитаторите и литератите подготвија извадоци од творбите на писателката што ги изучуваат во наставата по мајчин јазик: Топлата прегратка на Гоцевата мајка, Ѕидовите на Пела, Милосија, Водоскоци, Скалила.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)