По сликањето тој заминува на педантно перење на рацете, „како по убиство“, коешто открива чувство на вина после задоволување на нагонот. (За Фројд сликарството е инфантилен нагон ѕидовите да се премачкаат со измет.) По оваа страсна акција, врз сликата се црта елегантен цртеж на некој порнографски мотив кој е препознатлив и читлив.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сара Лукас не е за цензура на ваквите појави, туку за нивна тотална експозиција, за „помагање“ на системот на моќта за тој да стане што повидлив.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Така оваа завршна интервенција е експликација на порнографичноста на целата слика иако самата по себе настанала со студено копирање на мотив додека претходниот процес на настанување на сликата всушност бил сексуализиран.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)