Како стрејт-мажите се по тоа што се мажи и што на повеќето од нив, барем отпрвин, им се укажува достоинството и чувството на субјективна ополномоќеност што, главно, им се придаваат на мажите во систем на машка доминација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа сложеност не е ништо друго освен последица – неизбежна, иако, се разбира, не тотална или сеопределителна – на општествената семиотика на родот и на сексуалноста во еден хетеронормативен свет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не се како стрејт-мажите по тоа што посакуваат мажи и не посакуваат жени; исто, за разлика од стрејт-мажите, тие се асимилираат во женствена родова улога поради насоченоста на нивната еротска желба, дури и ако таа желба се изразува на сексуално агресивен начин.
Геј-мажите не се како стрејт-жените по тоа што се мажи, но како нив се по тоа што кон машкиот пол заземаат однос на посакување и што делумно врз таа основа се сметаат за немажествени.
Машки субјект на истополова желба, затоа, се обродува на сложени и честопати противречни начини.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа единствена, трансверзална општествена состојба на мажите кои посакуваат мажи води до обродување на машкиот геј-субјективитет кое е особено и несведливо на обродувањето на ниедна друга субјектна положба.
Така, машкиот геј-субјективитет не може да се асимилира ниту во субјективитетот на хетеросексуалните жени, како што би укажале некои теории за третиот пол, ниту во субјективитетот на стрејт-мажите, како што би сакале некои застапници на геј-мажественоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Откако ја поставивме хипотезата за постоење на подсистеми во мозокот со високо ниво на активност (накратко: симболи), можеме да се вратиме на прашањето: дали постои изоморфизам, тотален или парцијален, помеѓу два мозоци.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)