Изродот на тоталитарниот фанатизам демне штом мислењето на еден од многуте и меѓу себе различните го направиме обврзувачка Вистина, што е ослободена од дијалогот со “лажното”; ако нетрпеливоста кон бранителите на невистината прерасне во неподносливост на оние што ја толерираат, сме веќе во канџите на фанатизмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоталитарниот фанатизам на калифот Омар, покажан со запалувањето на драгоцените книги на Александриската библиотека, ќе го покажат и протагонистите на Римската Империја кои ќе го воспостават индексот на забранетите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од гледиште на морален апсолутизам можеби најзначајната причина за толерирање е злата оцена дека тоа зло е неизбежно без оглед на нашето однесување или дека прифаќањето на некои облици на негово изразување е помало зло.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Што има добро во толерирањето на лошото, доброто или дури Злото?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)