трагичен (прид.) - достоинствен (имн.)

А штом и Милдред Пирс ќе почне да се гледа како претеран филм – како „изнасилен“ – односно, штом ќе престане да се сфаќа направо и штом ќе почне да се гледа со извесна доза на оддалеченост, надменост и иронија (како што не го гледала неговата првобитна женска публика од работничката класа), филмот се лишува од правото на трагична достоинственост, исто како Најмила мамичке, и беспомошно тоне во унижениот статус на мелодрама, на оној презрен и абјектен поджанр. ‌Геј-мажите, и покрај сета своја културна различност од стрејт-мажите, се сепак мажи, па нивниот однос кон мелодраматичната сцена на мајчинскиот судир затоа мора да се разликува барем во еден пресуден аспект од емоционалната вклученост на гледачките кои биле главната цел на класичните филмови со Џоан Крафорд и кои, во секој случај, ѝ биле најголемите обожавателки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Туркајќи ги до крајност елементите на прежестокото чувствување, на емоционалната претераност и на страсниот набој што веќе ги има во Милдред Пирс, Најмила мамичке нѐ учи да го гледаме реалистичното и (релативно) трезвено претставување во претходниот филм за судирот меѓу мајката и ќерката како веќе накиснато во буновна претераност, која веќе се граничи со хистеричност, како веќе наклонето кон една редуктивна, надмено патронизирачка визија – истовремено и гламурозна и абјектна – за жените и за женственоста: да скратам, веќе дисквалификувано од кандидатурата за сериозно разгледување, од кандидатурата за почесниот статус на трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, нагласувајќи ги театралностите на Милдред Пирс до гротескност, Најмила мамичке ја истакнува имплицитната несериозност на претходниот филм и покрај неговата релативна ревност, вкус и вистинообразност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Електра стапува во патријархална функција (а со тоа и во трагична достоинственост), затоа што во најголем дел од драмата машките јунаци ги нема на сцената и никој освен Електра не е желен да го заземе местото на машки наследник.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најблизу дотерала Електра од Софокле, но она што конечно ѝ ја дава на таа драма нејзината сериозност е нејзиниот близок, подреден сооднос со династиските преокупации на машката култура: татковата оставнина, владетелското наследство, преносот на сопственоста од татко на син и продолжувањето на машката лоза.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Судирите меѓу мајките и синовите се вистински кандидати за тој возвишен статус (еве, колку за почеток, помислете си на Хамлет и на Орестија), но борбите меѓу жени од различни генерации едноставно не се граѓа за трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)