трагичен (прид.) - страдање (имн.)

Ако публиката некогаш се посомнева дека драматичните екстравагантности на трагедијата не се сосема оправдани, дека дури се и малку од малку претерани, дека високиот степен на емоцијата што го издвојува трагичното чувство, кој го воздигнува до височините на возвишеноста, не е сосема мотивиран – да скратам, дека страста не се чувствува толку, туку дека се лажира или се изведува – тогаш трагедијата веќе не предизвикува соодветно трагично дејство и се разводнува во мелодрама. ‌Мелодрамата, од своја страна, се врти само околу одигрувањето на екстремното чувство и нагласката ја става врз изведбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако кажеш дека некој е „мелодраматичен“ или дека нешто е „мелодраматично“, ти одбиваш да му ги удостоиш страдањата со достоинственоста што ѝ прилегаат на трагедијата, која општествено повластените луѓе или оние што се стремат да заземат положба на општествена повластеност, се стремат да си ја чуваат за себе. ‌Страдањето што не може да тврди дека е трагично мора да излезе патетично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако трагичното страдање некогаш се доживее како чиста изведба или имитација на страдање, ако излезе дека архетипските трагични судбини се некакви театрални улоги, тогаш трагедијата нужно ќе трпи загуби во смисла на потврда, на општествено признание и ќе го загуби авторитетот на носител на егзистенцијална вистина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто „мелодрамата“, сфатена како безвредна, недостојна книжевна форма, по правило се користи за да се карактеризираат, а и за да се обезвреднат, сентименталните животи на другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествената и емоционалната неавтентичност можеби се во средето на визијата на трагедијата за светот, но тоа е погубно за трагедијата како форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не може да се избави од впечатокот, или од сомнението, дека нејзините напнати изливи на емоционален израз можеби се надуени повеќе од строгите услови што ги налагаат екстремните ситуации што ги прикажува, на смртните страданија што биле побуда и сигнал за сета таа страст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако, во својата изопаченост или во својата љубов кон мелодрамата, инсистираме да го сфаќаме сериозно она што треба да се смета за начисто патетично, ако инсистираме да не го третираме нетрагичното страдање како патетично, туку како достоинствено, се осудуваме за сентименталност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова е поимот што ја опишува недостоинствената алтернатива на трагичното страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)