Ако публиката некогаш се посомнева дека драматичните екстравагантности на трагедијата не се сосема оправдани, дека дури се и малку од малку претерани, дека високиот степен на емоцијата што го издвојува трагичното чувство, кој го воздигнува до височините на возвишеноста, не е сосема мотивиран – да скратам, дека страста не се чувствува толку, туку дека се лажира или се изведува – тогаш трагедијата веќе не предизвикува соодветно трагично дејство и се разводнува во мелодрама.
Мелодрамата, од своја страна, се врти само околу одигрувањето на екстремното чувство и нагласката ја става врз изведбата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако трагичното страдање некогаш се доживее како чиста изведба или имитација на страдање, ако излезе дека архетипските трагични судбини се некакви театрални улоги, тогаш трагедијата нужно ќе трпи загуби во смисла на потврда, на општествено признание и ќе го загуби авторитетот на носител на егзистенцијална вистина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествената и емоционалната неавтентичност можеби се во средето на визијата на трагедијата за светот, но тоа е погубно за трагедијата како форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кјеркегор на едно место вели дека и покрај сите промени во светот, трагичното суштински останало непроменето, како што и плачењето му останало подеднакво природно на човекот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Рајнер се сети на оној стих, и рече: “Тоа што човекот и натаму е само сон на една сенка е она што го одржува трагичното чувство уште од прапочетоците на човечкиот род, па до денес.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мелодрамата е буржујскиот наследник на трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)