Секое такво страдање секогаш е, како вистински настан, ограничено на сегашноста; значи, тоа е само минливо и затоа не е премногу тешко; преголемо станува само тогаш кога прераснало во трајна болка; но како такво, тоа сепак не е ништо друго освен мисла и затоа лежи во помнењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)