Тој беше готов да продолжи со толкувањата за потеклото на јазикот, но Татко, следејќи го авторитетниот тон на Камилски, се надоврза: Во право сте, сосем сте во право, мој пријателе, сѐ додека лингвистите трагаат по потеклото на јазиците и нивните трајни механизми, тие постојано ќе се соочуваат со историјата на човештвото како и со неговата историја низ милениумите...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)