Поправо, податоците што ги пружаат споменативе архиви се такви што само поттураат една помисла дека основањето на населбава се паднало одамна пред нив, одамна пред да настанат и да започнат да суштествуваат разните облици на администрирање.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бидејќи и така нередовната и трапава администрација на завојувачите страдаше во честите војни, пожари и грабежи, ни архивите на двата најблиски града, Прилеп и Битола, не располагаат со податоците за тоа кога е основана сегашнава населба во Потковицава - најпрвин, со стариот дел, во Загориче, односно во Дупка, а потоа, со поновиот, на падините на Станкоски Рид, односно на падините на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)