Куршумли-ан беше некогашен само карван сарај и тој, како постар од доаѓањето на Турците, ги примаше дотогаш само карваните со занаетчиска и трговска стока, а бидејќи во негова близина се наоѓаа колари, амџии, самарџии и јажари, тука беше многу погодно да им се дадат разни услуги на патниците и да се изврши размена на изморените коњи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имало скоро триста такви дубровнички бродови кои пловеле по Медитеранот и океанот, пренесувајќи ја трговската стока од бреговите на Мала Азија и Африка до фландриските и британските брегови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во еден анонимен запис од 30 септември 1859 година, кој всушност претставуваше статистика за движењето на бродовите и трговската стока од Цариград преку Трст во текот на таа година, се набројуваат бродовите по име, стоката што ја понеле и името на оној што ја испраќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)