Другиот табур на чело со Селима, Фазли и Даута да го фатат мостот на Светецот а да го стегнат обрачот преку Витолишта – Полчишта – Сатока кон селото Градешница и Старавина; а третиот табур нека го поведат Мехмед, Муарем и Фета со своите луѓе преку Скочивир – Будимирци, пак Старавина – Градешница.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кој што ќе заплени – негово ќе биде, се обрна кадијата кон агаларите од неговиот кадилак. – Ние со Фазли и Даута двесте – се јави Селим-бег од вториот табур. – И ние двеста до триста – ветија и водачите од третиот табур Мехмед, Муарем и Фета-бег. – Јас пак – рече скопскиот беглер-бег – ќе кренам еден дел од аскерот од Скопје и сите правоверни од Тиквешието ќе нападнам со петстотини, илјада души од таа страна.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од јужната страна на третиот табур со Мехмеда.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)