Се случувало во времето на овој долгорочен процес меѓу Албанците во едно исто семејство еден дел да ја сочува католичката вера, другиот да мине во православна, а подоцна трет во исламска религија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се израдува кога конечно сепак најде еден Едо Бранов во Битола, се подзачуди кога најде друг во селото Брезница, се зачуди кога најде трет во Струмица, и ми стана премногу кога најде уште еден четврт Едо Бранов во Охрид.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но не сакал да го открие значењето на записот, оти ќе ја изгубел одајата на гревот и блудот, во која ја водел, секоја ноќ, малоумницата на логотетот, за наслада своја и на нечестивиот, што од ѕидот ги гледал, како трет во ѕверството страсно нивно!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со тој брак, ние всушност (јас и Земанек), се убедувавме дека не сме згрешиле што сме го избркале Јан; оти тој брак реално постоеше, и беше знак дека се сакаме; а ако се сакаме, тогаш не можевме да бидеме виновни за тоа што немаше место за трет во тој наш свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Затоа третиот во нејзините последни врели ноќи зачекори кон неа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Не шегувај се, Марија“, рече третиот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред да сфати како паднало последното младо стебло (биле исечени за цела зимска седмица), Лозан Перуника го видел предавството на крвта, на годините, на прегладнетоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не е, - се вмешува трето во одбрана на Трифун Трифуноски, ќе видиш, ќе чуеш на прославата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Немој да мислиш дека има разлика меѓу едните, другите и третите; тоа што едните го прават во највалкани соби од полуразурнати куќи, другите во хотели, а третите во дворци, не ги прави различни,” рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Само фасадата се разликува. Внатрешноста на оние кои го прават тоа, е иста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
БЕГАЊЕ ПРЕД БАЛИСТИТЕ Командантот сè уште не можеше да даде распоред, само рече: Првиот баталјон на лева страна, други на десна, а третиот во средина.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас се побунив, а тој ми даде една мина и ми рече да останам одзади за превивање на ранетите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)