Тогај се качило на еднио чардак момчето и обесило една вреќа; се качило на вторио чардак и обесило другата вреќа; се качило на треќио чардак и обесило треќата вреќа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дури викале народот така: „лага е, лага е“, момчето беше засукало ракајте од обете раце, та како да црпеше жито одземи и клаваше на вреќа, така му 'и црпеше збороите од народот што 'и велеле: „Лага е, лага е“ и со голема брзина 'и клавал во вреќата и штом беа замолчиле народот, беше ја зашил вреќата и беше ја врзал јако, та ја остаил едната.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Јас је погодив на цареа ќерка нишаниите што имаше на снагата и царо неќи да ми ја даит дека сум од долна рака.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)