Тој впечаток го дополнува отсуството на интерпункција, како и намерната шлакнатост и беспредметност на неговиот спор со пријателот околу точниот опис на времето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, тука е неговото речовито користење на зборот „поттрчнував“, со кој го опишува сопственото движење по улиците на Њујорк, а кој го довршува автопортретот на мажествена родова дисонантност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Учествувајќи во нејзината неоснована возбуда, О’Хара го проектира сопственото отсуство на сериозност, особено кога се суди според критериумите на хетеросексуалната мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мажественоста на О’Хара дополнително ја поткопуваат и неговата запенета реакција околу тривијален настан од животот на женска филмска ѕвезда и неговото заземање став на средношколска возбуденост и похотливост во пресрет на скандалозна глетка, како и заземањето посвечен уважителен однос што им прилега на обожавателките на Лана Тарнер.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)