Во право си, пријателе се надоврза Камилски зборот јаничар, прифатен во францускиот јазик (janissaire), означуваше војник на елитната гарда на Султанот, но овој збор од турската историја се применува со проширено значење во европската историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој го потсети на сличниот пример од поновата турска историја кога Ататурк (кон кого Бургиба покажуваше безрезервна восхит), обвинуван од Запад дека ја загрозува плуралистичката демократија, со фаворизирање на својата монистичка партија, побарал од својот компањон од сите битки за нова Турција, неговиот некогашен прв министер и парламентарец Али Фетхи Окјар (родум од Прилеп), да формира Либерална партија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)