турски (прид.) - лира (имн.)

Откупував пасишта таму од беговските чифлици и плаќав дури до двесте турски лири, ако пасиштето беше големо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На мајстор Василе Антаров две турски лири по два гроша.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во 1901 година пасивниот трговски биланс на Македонија изнесувал 1.500.000 турски лири1.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од 1884 до 1903 година тој пасив изнесувал 176.230.000 турски лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Марко купил стока за 20 турски лири и повеќе не набавувал друга стока.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според овој декрет, долговите на Турција кон европските капиталисти, склучени заклучно до 1873 година, изнесувале 117.081.000 златни турски лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според тоа, во последните две децении од минатиот век на европските капиталисти им биле исплатени околу 125.000.000 турски лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И, навистина, тие “исчезнале“,односно се скриле во една конспиративна куќа во Солун, а на нивните родители им било јавено дека ако сакаат да им бидат вратени децата живи и здрави треба да дадат: таткото на Коста - 400 турски лири, а на Тодор - 200.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Околу 150.000 турски лири во готово и други вредности, како и поважните документи и книги, биле спасени 126.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во 1895 година, на пример, планираните приходи било предвидено да се потрошат: за воените потреби 7.756.000 турски лири, за отплатување на државните долгови 6.483.000 лири, за административната управа 3.828.000, за султанското семејство 933.000 лири, за религиозните институции 796.000 лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За плаќање на сите долгови турската влада во годишните буџети определувала сума од околу 6.400.000 турски лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од сумата предвидена за административната управа за училиштата се одвојувале 50.000 лири, а за здравствената заштита 94.000 турски лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
СААТОТ ВО ШТИП Часовникот имал голем звук.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден мајсторот Есат зел двајсет турски лири, избегал и уште еднаш не се вратил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На Саатот пишува: "Секое удрување на саатот човекот треба да се сети, оти животот му се скусува.# Писмото е арапско, а зборојте се турски.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)