Татко, верувајќи дека, сепак, Камилски, ќе се држи на договореното, да реферира само за петте договорени збора, се надоврзаа на поговорките за инаетот од доменот на турската традиција, кажувајќи му ја на турски поговорката: Arnaut inati Allah` belasi! (Инаетот на Арнаутинот, божја беља!).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски се насмеа, но потоа, прифати со сериозен тон: Смеата настрана, но нема збор што би можел, подобро од оваа поговорка да го долови не само албанскиот туку и целиот балкански инает, создаван и пластен во времето на османското владеење во нашите земји!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Една турска поговорка, пак, вели: „Кој е роден да биде обесен, нема да се удави в река“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)