Го третира стилот како утопија сам по себе – колку и да е ужасен некој конкретен стил и колку и да се фрапантни општествените значења што можеби ги кодира во даден контекст.274 При тоа одбивање некој туѓ или надворешен вредносен поредок да ја деконцентрира од некоja естетска обземеност, па бил тој и поредок на напредни политички вредности или особено ако е таков, камп-културата се впушта во сопствен вид општествена критика, во сопствен вид бескомпромисна одбрана на фантазијата и на задоволството, а со тоа и во сопствен вид политички отпор (тоа е една од пораките на Пуиг во Бакнежот на жената пајак, исто како што е и една од пораките на Сартр во Сен Жене).275
И вкусот и невкусот имаат важни, иако различни, улоги во машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Без баш да ја помеша таа вредност со убавина, тој, сепак, ѝ дава значителна естетска вредност, опирајќи му се на секој начин на оценување што би инсистирало да се примени врз предметот построг, посериозен или посодржински склоп од надворешни стандарди, било морални, било естетски.
Камп-сензибилитетот така го оправдува „светот како естетска појава“ (нешто што Ниче сметал дека може да го прави само грчката трагедија или Вагнер).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тебе не можам да ти се обратам
во некое туѓо или фиктивно лице.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Верувајте ми, ја пресеков секоја можност, го потиснав секој нагон, туѓ или мој, што можеше намерно или случајно да предизвика било кога било каква живост во тој, од човечка гледна точка, ептен мртов стан.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Камп-вкусот ѝ го врти грбот на оската добро-лошо на обичниот естетски суд“, вели Зонтаг; „тоа е начин на вреднување – не суд“.273 Настрана сите естетски критериуми според кои може да се суди за таквиот предмет, камп-естетизмот ја поддржува формата – стилската кохерентност на еден целосно остварен стил – како вредност сама по себе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)