Види каква убава играчка ти донесла.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Едно големо и разлигавено мрсулаво, плачливо дете кое плаче по играчката на сиот глас, а кога ќе ја добие таа толку убава играчка гневно ја фрла на земја и бесно ја гази сѐ додека не ја искрши до последното препознатливо парче.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Чичкото со притворна насмевка на свежо избриченото лице се наклонува кон тебе: - На добрите деца им даруваме убава играчка!
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)