Други книги тој скоро и не читаше, во однос на убавата литература се задоволуваше со неколку рецитации, научени во гимназијата, но кои уште за чудо добро ги паметеше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Лично јас, признавам со срам, спаѓам во тие што на прсти можат да ги избројат книгите од т.н. убава литература (всушност, вистинската!) што сум ги купила во последните седум-осум години.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Можам да се обложам дека никој нема да се повика на капиталните семиолошки студии на Еко (Отворено дело, Шесте прошетки низ наративната шума...) или на неговата откачена фељтонистика (Diario minimo, на пример...), туку сите најпрвин ќе с закачат за Името на розата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Малкумина, ете, знаат дека и Твојата прва авторска фаза, којашто јас милувам да ја именувам како професорска, суверено ја одбележуваат неколкуте сјајни книги, не само исклучително компетентни, но и мошне искрени, суптилни, на мигови дури и трогателни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тешко дека овие музи со очила како што некогаш (одамна) ги нарекол луцидниот Ролан Барт (Roland Barthes), би можеле да се споредуваат со вистинските писатели оние што ја пишуваат таканаречената убава литература (belles-lettres).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓутоа, доктор Миха беше не само по изречениот туку и по напишаниот збор - не беше само мераклија за муабети, за разговори во кои тој зборуваше повеќе од секој свој соговорник, заради што неговите колеги од работа злобно го озборуваа дека страда од логореја; не само да чита, од дневни и неделни весници преку стручни списанија до најнова убава литература, туку и да пишува (сѐ и сешто, ќе видиме што?), поради што скрупулозните критизери го нарекуваа скрибоман.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Страната на убавите уметности, убавите манири, убавата литература, е страна на посилниот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сталежот на функции се прогласува себе си за културен заштитник и со тоа го зацврстува својот легитимитет.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)