Убава мома ќе стане. Умна, разумна ќе биде. Мајка и татко ќе слуша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— И се опули во Нешка, во Крстета, пак во Нешка, и си заклучи со умот: „Ете, како шо нарачаа нарачниците на третата вечер: „да расте и да порасте, убава мома да биде, попова снаа да стане, на младо ѓаче невеста".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ти личиш на старецот, кој некогаш бил најубав ерген во селото и ги привлекувал погледите на убавите моми.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Замислен и смолчан, пашата како да бегаше од местото каде што ја виде убавата мома.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но не... кога ја спушти пак раката и ги отвори очите, погледот пак му го засени млада, убава мома, која играше омаен танц на лединката, на неколку чекори од него...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сите знаеја дека овој прстен потона, заедно со убавата мома, во витлите на Преспанското Езеро.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сè се надеваше дека ќе му затрепери таму ликот на Јанка, дека ќе му ја вратат водите убавата мома...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Трепереше сонлива ранина, кога гавазите стигнаа со скапоцениот прстен на брегот од Преспанското Езеро каде беше малото китно село на убавата мома.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Телото сосема му клонеше. Но копнежот по незаборавниот лик на убавата мома, со некаква скриена сила му ги движеше уште нозете. ...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Брановите плискаат и од океанот изнуркува цела една подморница, со убавата мома закачена на врвот на нејзиниот долг перископ!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Една убава мома доаѓа до брегот, се соблекува и влегува во океанот. Плив, плив, плив... плива таа.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Си претстави како ќе најде убави моми и млади невести и од сите ќе ги избере најубавите и ќе ги донесе во својот харем, кој и инаку не беше празен.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Убави моми, со раскошни носии, со мозаични бои, со погача и сол, ги пречекуваа гостите и им пожелуваа добредојде.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И дошле абери од стројниците за убавата мома Ервехе, од Лесковик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зар не постоеше изреката: O Leskovik guri i thatë sa të bukura i ke gratë! (О Лесковик, камен сув со убави моми!)
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)