Се прошириле гласовите во Поградец за убавата невеста од Лесковик. Била лична, тивка, работлива.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава: — Сега ти си знајш, брат Толе!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некои ме слушаа, други со сила и натераме, ете, заедно со тебе, влегоа во огнот, некои пострадаа, ене и по апцаните; другите, еве, ќе страдаат на своите огнишча, без да можеме да им помогнеме ни јас, ни ти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со тек на време тоа навистина стана неважно.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Им соопштува на свој начин дека дошле даскалиците од Охрид и дека вечер ќе даваат претстава и кои се цените на местата, та иде и до најинтересната новина од денеска која сам си ја додава, разбирајќи дека: на некое момче од Марул му избегала невестата и запиња повеќе од секогаш: — Денеска на пат за Прилест загинала една млада, бела, калеша, убава невеста од Маруууууул!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа, пак, Татјана беше многу убава невеста.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)