Каљостро: Вечерва со нас се и вам познатиот угледен граѓанин на околијата Маусдонија, господинот Трифолио и, плус, вам тотално непознатиот господин Оникс, првиот експлицитен алхемичар во нашава емисија, човек кој илјада пати повеќе од нас, бедните драгстор-каубои, знае за целата фармаколошка длабочина на нашите минорни мозочиња.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Некој му рекол на Милошевски дека манукот на ќерка му е едно обично шпионче, и дека братот на неговиот директорот, другарот од УДБА можел убаво да го подисплаши, се разбира ако го повика кај себе и му укаже дека младото девојче што го има заведено е ќерка на свештено лице, угледен граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)