Адам, кого веќе имав пригода да го цитирам, ја објави својата докторска дисертација (која стана првата од многуте негови книги), по име Опстанокот на доминацијата: инфериоризацијата на секојдневниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И нема што да читаат романи, да гледаат филмови, да запишуваат предмети, да гледаат изложби и да одат на културни фестивали што се фокусираат на геј-мажите.
Во 1978 г., канадскиот социолог Бери Д.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меѓу механизмите за справување со општествената доминација за кои Адам сметал дека им се заеднички на разните угнетени групи што ги проучувал беа и оние што ги нарекол „бегање од идентитет“ и „внатрегрупово непријателство“.440
Овие фрази упатуваа на општествените и на индивидуалните стратегии преку кои припадниците на угнетените групи гледале да ги смалат личниот цех и психолошката болка на општественото отфрлање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја означува отуѓеноста на групата од потрошувачката култура која веќе ја претвора женската емоција во стока, која ја става на пазарот, препакува нејзини делчиња заради масовно уживање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Крајната цел на имитацијата на Копола на една женска имитација на Џоан Крафорд е да им се овозможи на Соник јут пристап до еден поткултурен стил на настран културен отпор, кој ѝ е директно противен на таквата комодификација, а на кој ќе можат да се повикаат, кој ќе можат да си го присвојат и да ѝ го претставуваат на сопствената публика како негова хип алтернатива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стрејтерската хипстерска култура, всушност, вирее благодарение на „вештачкото присвојување на разни стилови од разни ери“, според еден презирен напис за хипстерите од насловната страница на хипстерското списание Едбастерс; обожава да си игра со „симболи и икони“ на маргинализираните или угнетените групи, откако тие симболи и икони „ќе ги присвои хипстерајот и откако ќе им го исцеди сето значење“.413 Во еден друг, сега веќе прочуен напад на хипстерите, Кристијан Лоренцен оди уште подалеку.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Под превезот на ‘иронијата’“, приговара, „хипстеризмот го фетишизира автентичното и го изблувува со намиглива неавтентичност“.414
На Лоренцен му претходеше настраниот драмски писател Чарлс Ладлам, основач и директор на Урнебесната театарска дружина во Њујорк.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Приказот на Адам за општествената доминација и за нејзините последици и натаму има голема објаснителна моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како компаративна студија за Црнците, Евреите, лезбејките, геј-мажите, логорашите во концентрационите логори, за децата и за другите штитеници на „тоталните институции“, таа беше ран класик на лезбејските/геј-/квир-студии, а и денес вреди да се чита.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)