Седнував во аголот, покрај креветот, и се обидував да нацртам еден поглед кој гледа во ужасната празнина, две очи кои плачеа навнатре, но обидот завршуваше на една единствена точка – движењето на мојата рака запираше онаму каде што започнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа долго гледав во таа точка на листот хартија, или станував и гледав низ прозорецот, или пак го забодував врвот на моливот во дланката од левата рака. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)