Едно неделно утро доктор Брике ни рече дека нѐ научил сѐ што самиот знае за цртањето, и нѐ советуваше да се запишеме во Уметничкото училиште, каде можеме да ги продлабочиме цртачките вештини, и да започнеме да учиме сликање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од тој ден ми остана сеќавањето на густата црвена течност, на чувството дека бев како пресечена на половина и на онаа ужасна тегобност кога ѝ кажав на мајка ми, а таа ми рече: “Отсега па натаму треба да го знаеш својот долг, основниот долг на секоја жена: за својот живот да се оддолжиш со раѓање на нови животи.” …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)