Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги гледала, потем, живописните персиски теписи спружени пред бројните дуќани, сребрениот накит обликуван во големи и во мали форми, садовите од светнат бакар, посребреното оружје, тиркизните украси, многу, многу други украсни предмети кои ги гледала за прв пат во животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Настанети на Чауле, заради прегледноста, бездруго имале задача ако не за да пазат на патот од Стоби за Хераклеја, тоа себеси да се пазат од честите завојувачи кои, по него, по патот, нагрнувале на југ, спрема Битола и спрема Солун, и оттаму, по Виа Егнација и по море, спрема Азија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Плугот заорал во камења, тули, пепел, пронашле и некои грнци, некакви бакарни гривни, други украсни предмети, пронашле и згура, што докажуваше дека некогаш, зад преградата од минатите векови, на ова место постоела населба во која се топеле и обработувале метали.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)