Луѓето се насмеале кога попот им рекол дека животинчето му е како син и дека се вика Армодиј Давидовски и дека е заведен под реден број во црковната книга на родените, од татко Доситеј и од мајка Природа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мојот улав старец бараше тумбичка за спокојно да си умре, таму не ќе му скапеле коските!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)