Поврзувањето на геј-мажите со женскоста е причина за особена тревожност бидејќи претставува назадување, симбол на вековна хомофобична предрасуда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај тоа што можеме да жалиме за упадливата мизогинија што е во основата на деградирачката сила на тие стереотипи, нивната моќ да нѐ понижат нималку не се смалила, нималку не е понестварна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа оживува цела навалица древни бабароги што во минатото се користеле за да ни се наштети – за да се прават од нас ликови за подбив, предмети на погрда, суштества за сатира, жртви на омраза, морална осуда и насилство – и незгодно нѐ потсетува на оние задрти медицински сфаќања за сексуалната девијантност кои Едмунд Вајт си ги спомнува со морници и според кои истополовата желба била симптом за обратност на сексуалните улоги, а мажите хомосексуалци биле сродни инвертити во кои се отелотворила сексуалната природа на жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Просветената идеологија на постоунволското геј-движење силно нѐ ободрило да ги отфрлиме, одречеме и надминеме таквите омаловажувачки клишеа – да докажеме дека се неточни, самите да станеме речиси нормални и да се издигнеме врз таа основа до еротска заедница на еднакви.
Мажественоста претставува не само средишна културна вредност – поврзана со сериозност и со достојност, за разлика од женската тривијалност – туку и клучна еротска вредност за геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)