Живеат воздишки од крв, пламени јазици, уплашени коњи, руди во редок камен, елени што итаат кон север, зборови светли, улици свртени во темно, возови со лузни, темјанушки и оси во Книгата на смртта.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Во расказот се зборува за средбата со нечистите сили симболизирани со заумни свадби, уплашени коњи и ѓаволски јариња.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Разочарувањето на Ренџов ќе било уште поголемо да открил дека и уплашениот коњ и ѓаволското јаре се среќаваат и во некои мои драми.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)