На тоа место водата чадеше, се креваше тенка магла, како во неа да е потопено усвитено железо, како во неа да се гаснеше жарот сокриен во крвта на бикот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„На тоа место водата чадеше, се креваше тенка магла, како во неа да е потопено усвитено железо, како во неа да се гаснеше жарот сокриен во крвта на бикот.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бог нека помогне! Сето ова зло би го изгорел со усвитено железо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Како искри кога одат по маша, по усвитено железо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Град од усвитено железо истураа авионите и веднаш зад нив долетуваа други и постелуваа пламен.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Црни облаци се дигаа од земјата, молскавици од усвитено железо се вбиваа во живите тела на немоќните, град од железо ја толчеше земјата и долги јазици од пламен се истураа од небото и ја гореа и пеплосуваа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Времето го минуваше преобликувајќи усвитено железо меѓу нив.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Сакаш да ме видиш во обрач од бездна, или да ме стопиш во твои дланки, ко коцка мраз врз усвитено железо...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Снегот ми се топи, како на усвитено железо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)