Таму, во кујната, Јосиф со усвитен нож му ги извади куршумите од плеќите и му ја запре крвта, а потоа, и пак помешечки, го натоварија на кочијата Дамчески, во меѓувреме сам Костадин ја дотера, и ова време, околу мала ужина, ни жив ни мртов го донесоа во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прикрепувајќи го едниот од едната и другиот од другата страна, Максим и Јосиф го изнесуваат Лазора од гостиската одаја на чардак.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете оттогаш, од ова време минатата сабота, откога го донесоа Лазора помешечки испружен на кочијата Дамческа и го искачија во гостинската одаја Акиноска, трае оваа возбуда во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)