Овластеното службено лице на органот надлежен за водење на постапката, самостојно ги утврдува фактите и околностите и врз основа на така утврдените факти и околности ги применува законите и другите прописи на конкретен случај (чл. 13, ЗОУП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)